Доделени сертификати за учесниците во Меѓународниот проект Суперучилишта (Superschools)

Во Делчево доделени сертификати за учесниците во Меѓународниот проект Суперучилишта (Superschools), кој гимназијата Методи Митевски – Брицо го спроведе заедно со Средња Стручна Школа од Пирот, Р.Србија. Во рамки на свечениот настан по тој повод, делчевските ученици подготвија кратка презентација за активностите кои ги реализираа во рамки на втората училишна размена со училиштето од Србија која се реализира преку RYCO програмата.

-Навистина RYCO е младинска организација која внимава за учеството на младите за подобрување на нивните вештини за отворање на хоризонтите. Посебно се занимава со воннаставни активности кои обично не ги практикуваме во нашите формални часови. Тоа е фантастична можност за градење како лично така и професионално. Значи она што го учиме ние на училиште е формалното знаење, а преку невладините организации ги учиме тие вештини што ви требаат да бидете компетентни понатаму во вашиот живот, истакна пред учениците координаторот на проектот Желеанка Демирова.

Двете училишта досега сорабптуваа бо сва циклусо, а главна задача во вториот круг, како што додаде координаторката беше да се постицнат повеќе резултати со помалку финансии.

-Во таа насока она што сакам да го кажам накратко е дека се обидуваме да ги вмрежуваме и институциите од тие два града, благодарение на внимателната работа на целиот тим од оваа година и од првиот циклус. Навистина вашите врсници создадоа такви пријателства што не може човек да не остане емпатичен спрема сето тоа. И ние наставниците се обидовме да имаме линково  поврзување на професионален план, се разбира за да ги споделуваме сите можностите што се споделуваат преку RYCO програмата, додаде Демирова.

Вториот циклус на размени предвидени со проектот Don’t Give Up, Gift Up е дел од програмата на долгорочни партнерства на Суперучилишта, а во истиот, од вкупно седум на ниво на Западен Балкан само две училишта влегоа во програмата на долгорочни партнерства, а меѓу нив беа и училиштата од Делчево и Пирот.

Втората размена, се реализираше во Пирот во периодот од 24-ти до 30-ти септември, а програмските содржини од проектот реализирани во рамки на втората размена интеркултурниот дијалог, методологијата на решавање на конфликти како и сегменти на кариерно советување и социјално претприемништво.

Проектот е дел од мисијата на Регионалната Канцеларија за Развој на Младите RYCO, подржана од останатите донатори на Западен Балкан, EU, GIZ, BMZ.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*