
Ученици од прво одделение положија цвеќе пред споменикот на паднатите борци, во чест на 11 Октомври – Ден на народното востание на македонскиот народ.
Официјалното одбележување на значајниот датум е закажан за утре кога делегација од Општината, Советот, институции и здруженија на граѓани со почеток во 10:00 часот исто така ќе оддадат почит пред спомен обележјето во центарот на градот.
-По повод одбележувањето на 82 -годишнината од почетокот на антифашистичкото Востание, 11 Октомври, Општина Делчево организира пригодна свеченост на 11 октомври (среда) која започнува во 10:00 ч со положување свежо цвеќе на споменикот на паднатите борци во центарот на градот.

По тој повод, Општина Делчево ги поканува сите заинтересирани граѓани, институции, политички партии и здруженија на граѓани кои сакаат да присуствуваат на настанот и да положат свежо цвеќе пред споменикот на паднатите борци, се вели во поканата од Општина Делчево.

Во продолжение фотографии од денешното положување цвеќе од страна на најмалите од ООУ ,,Ванчо Прке”.








Leave a Reply