
Под мотото ,,Почувствувајте ги вкусовите и традициите на Пијанец” и годинава во делчевското село Тработивиште ќе се одржи манифестацијата која го слави најзастапениот градинарски вид зелката преточена во настанот Зелкаријада 2023.
Годинава настанот ќе се одржи во почеток во 12 часот, а повеќе детали организаторите најавуваат во текот на утрешниот ден.

Во меѓувреме жителите на село Тработивиште го разубавуваат просторот во селото. Најпрвин реализираа акција за покривање на тремот кај црквата Успение на Пресвета Богородица, претходно беше асфалтиран центарот на селото, а беше разубавен и просторот кај поштата.


На влезот на селото е поставен и црковен симбол со ликот на заштитничката на селото Мајка Богородица, а благодарение на миле Велков и други помагатели најавени се и други активности.

Leave a Reply