Чествување на ликот и делото на Ацо Караманов во Берово

По повод годишнината од загинувањето на великанот, поет и борец Ацо Караманов и 50-годишниот јубилеј ,,Караманови поетски средби”,  претатавници на Општина Берово заедно со општинската установа Центар за култура ,,Ацо Караманов” од Радовиш, положија венци на спомен обележјето на местото на загинување на револуционерот во близина на с. Смојмирово- Берово. Во чест на големиот великан на местото на загинувањето градоначалниците на Општина Берово, Звонко Пекевски и Општина Радовиш, Ацо Ристов засадија дрво.

-Заедно со делегации од  Општина Радовиш, Центарот за култура ,,Ацо Караманов”, Сојузот на борци од Општина Радовиш, Демократска партија на Турците,  од Радовиш и Друштвото на ликовни уметници ,,Рада Длур”, положивме венци и се поклонивме пред спомен обележјето и заеднички,  ја проследивме културната програма која во чест на загинувањето на Ацо Караманов, ја подготвија од   Општинската установа, Центар за култура ,,Ацо Караманов” од Радовиш, истакна Пекевски.

Со овој свечен чин, како што беше напоменато на денешноит настан започнува програмата за одбележување на јубилејот ,,50-ти Караманови поетски средби”, која ќе биде пропратена со многу содржини, посветени на ликот и делото на Ацо Караманов. 

Ацо Караманов е македонски поет, раскажувач, романсиер и револуционер. Тој е еден од најистакнатите, најталентирани млади македонски личности, во годините на Втората Светска Војна. Во својот краток живот, Караманов прави вистински творечки подвиг и со своето дело, кое има високи естетски вредности,  остава траен белег во македонската литература.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*