
Годинава ЈЛБ „Илинден“, месецот на книгата го одбележува заедно со учениците од ООУ „Ванчо Прке“. На денешната кратка приредба во чест на месецот на книгата, ученици од повисоките одделенија при ООУ „Ванчо Прке“ читаа песни од наши брилијантни и неповторливи поети.
-Да повториме: една книга, едно пенкало, едно дете и еден наставник, можат да го променат светот. Моќта на книгите е огромна.Затоа на книгите им посветуваме посебен месец-месец октомври..Веднаш по нив, четвртоооделенците од оваа училиште, пееја и рецитираа, информираше директорката на ЈЛБ ,,Илинден”, Биљана Петровска.

ЈЛБ „Илинден“ како што додаде Петровска искажува огромна благодарност до директорот на училиштето и до наставниците по македонски јазик од оваа училиште, за секогаш добрата соработка.
-И особено благодарност до овие дечиња, четврто одделение кои денес беа во библиотеката и до нивните наставнички Даниела Сумрачка, Јадранка Цоневска Дамјановска и Цветанка Петровска, затоа што вложија енергија и време и денес се наши гости..Хернам Хесе рекол: „Без зборови, без пишување и без книги не би постоела историја – би се изгубил целиот концепт на човештвото“. Книги, книги и книги…затоа што со нив светот е поубав, додаде за крај на настанот Петровска.
Leave a Reply