Делчево го одбележува Денот на Востанието

Општина Делчево на пригодна свеченост денес одбележа 82 години од  почетокот на антифашистичкото Востание, 11 Октомври. 

Во рамки на настанот, делегација на Општина Делчево предводена од градоначалникот Горан Трајковски, претставници од Советот на Општина Делчево, како и претставници од институции,  политички партии, здруженија на граѓани, се поклонија и свежо цвеќе положија на споменикот на паднатите борци во центарот на градот.  

Во рамките на одбележувањето, членовите на КУД „Гоце Делчев“ преку реферат потсетија на приликите кои претходеа на Востанието, начинот на кој беше реализиран првиот вооружен напад во Прилеп и во Куманово, но се осврнаа и на значењето на Востанието, како важен момент во борбата за самостојност на македонскиот народ и сопствена држава.

Под паролата ,,Сонцељубиви зар без вас ќе бевме она што сме, Не смрт без слобода, Не без Македонија” на споменикот на паднатите борци во центарот на Делчево се испишани имињата на околу 50 учесници во НОВ од делчевскиот регион.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*