В сабота (14.10.2023) кај месноста Јазова Чука во с.Драмче ќе се служи ручек за празникот Покров на Пресвета Богородица

Во сабота кај месноста Јазова Чука во с.Драмче ќе се одбележи празникот Покров на Пресвета Богородица.

По тој повод ќе се одржи општо-народен собир со настап на фолклорната група Копачка околу 13 часот.

Служењето на ручекот по повод празникот е со почеток од 15 часот.

Организаторите ги покануваат сите верници со своето присуство да го збогатат одбележувањето на христијанскиот празник.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*