,,Малешевските ѕвончиња” со одличен концерт во Пехчево

Малешевските ѕвончиња, по повод празникот 11 Октомври, гостуваа во Пехчево.

Домот на културата беше преполн со посетители кои нетрпеливо го чекаа почетокот за ги видат и слушнат своите најмили кои со своите песнички се претставија пред широката публика.

Салата ечеше од песна и громогласни аплаузи.За крај,сите заедно, ја запеаја химната ,,Песна за Малешевијата”,а на нивните лица блескаа насмевки,радост и љубов.

После настапот следуваше забава на која исто така неизоставна беше песната и дружбата.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*