Црвен Крст Делчево го одбележа Светскиот ден на менталното здравје

Црвен крст на Република Македонија – Општинска организација Делчево на 10.10.2023 година го одбележа Светскиот ден на менталното здравје. По тој повод во ООУ ,,Свети Климент Охридски‘‘ – Делчево се одржа трибина на тема „Важноста на менталното здравје во заедницата‘‘.

На оваа трибина присуствуваа 21 ученик

-Целта ни беше да ја подигнеме свеста на младите за предизвиците во адолесцентниот период бидејки адолесценцијата е динамичен период во кој поединците доживуваат физички и психосоцијален развој, истакнаа од Црвен крст во својата објава на фејсбук.

Исто така беше прикажана практична активност – Триаголник на Здравјето за подобро разбирање на физичкото, менталното и социјалното здравје во целина, како е тоа поврзано и како секој сегмент влијае на целокупното здравје.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*