Есенски активности во природа во ООУ ,,Ванчо Прке”

Денес на 13.10.2023 година учениците од училиштето ,,Ванчо Прке” организирано пешачеа од училиштето до месноста “Манастирски ендек”.

Сите наставници и одделенски раководители заедно со наставниците по Физичко и здравствено образование, реализираа спортски натпревари и игровни активности со кои учениците поминаа убави, физичко-активни и дружељубиви заеднички дружења кои предизцикаа радост и насмевки на делчевските ученици .

На крајот учениците заедно со наставниците организирано го собраа отпадот што самите го направија на целата зелена површина со негово поставување во ќеси за отпадоци.

Со тоа покажаа одговорност и еколошка свест за да ја зачуваат чистотата на овој убав манастистирски комплекс, остварувајќи ја вистинската цел која беше постигната на оваа есенска прошетка.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*