Хитовите од детскиот фестивал СИ-ДО денес пред најмалите во Македонска Каменица

Во просториите на Домот на култура во Македонака Каменица денес се претставија учесниците на 27-то издание на детскиот фестивал Си-До. Вкупно 23 талентирани ѕвездички блеснаа на сцената на КИЦ ,,Романса” која го организираше настанот.

Денес, овој детски музички фестивал има значајно место во културниот живот во нашата држава а посебно на градот Битола, како и кај многу поклоници на овој вид музика, посебно кај најмладите.

Со многу музика и насмеани детски лица присутните ги проследија песничките од 27то издание на најпопуларниот детски фестивал Си-До“. Сите генерации денес беа на едно место, се почувствува еуфоријата и радоста на многу мили деца. Детска песна ечеше, одекна детски џагор и ракоплескање во киносалата во Македонска Каменица.

Детскиот музички фестивал Си-До веќе 27 години создава детски хитови, а со тие хитови израснаа многу генерации на деца.

Заедно ќе имаме уште многу вакви моменти за паметење, дотогаш останете во добро здравје, радувајте се и слушајте ги песничките од Си-До, додадоа организаторите на денешниот настан.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*