Фолклорната група Копачка од село Драмче ја започна прославата на 75 годишниот јубилеј

Денеска кај параклисот Покров на Пресвета Богородица во делчевското село Драмче се одржа општо-народен собор со настап на Фолклорната група Копачка од с.Драмче Делчево. Настапот како што истакна претседателот Перса Стојановска е дел од активностите посветени на прославата на јубилејот 75 години постоење на ФГ ,,Копачка”, с.Драмче, Делчево.

-Во рамки на настапот се претставивме со изворни Пијанечки ороводни песни, песни на инструменти и ора на инструменти. Најпосле се одвиваше интеракција со соборјаните за учење на орото Копачката, заради архивирање на ова фолкорно добро како живо културно наследство, заштитено на национално ниво и во УНЕСКО, рече Стојановска.

Таа додаде дека во рамки на овогодишната прослава ќе следуваат посета на спомен собите на Дедо Митко ороводецот на Копачката и на народниот уметник Димитар Узунски.

-Еден ден ќе организираме филмска вечер со документарни филмови за Копачката, а централната прослава ќе се одвива на 27 ноември на денот на прогласувањето на орото Копачката за светско културно наследство впишано во УНЕСКО, додаде Стојановска, заблагодарувајки се на организаторите за денешната покана и можноста од месноста Јазова Чука да започнат подготовките активностите по повод големиот јубилеј 75 години Копачка.

Љуло Димитровски, претседател на месната заедница во село Драмче изрази задоволство што голем број луѓе денес се собраа на соборниот ден во с.Драмче.

-Тука изградивме објект каде секоја година луѓето се собираат, имаме многу помагатели да не заборавиме некој благодарност до сите а посебно до Зора Димитровска од с.Габроцо, Мите Обел Градба и градоначалникот на М.Каменица. Планирано е да биде направена една зграда од 150 квадрати, ќе го пробиеме патот до Светите води кои се наоѓаат во близина со летниковец. Имаме помош од Општина Македонска Каменица која ни го порамни патот, рече Димитровски.

За денешниот празник како што додаде Владо Спасевски месната заедница од с.Драмче беше подготвен ручек за над 500 присутни соборјани, а на годинешниот настан беа пријавени 12 кумови кои го помогнаа одржувањето на настанот.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*