Организацијата ,,Жена” Делчево организираше трибина на тема: ,,Зошто ни се потребни превентивни прегледи и улогата на менталното здравје”

Организацијата ,,Жена” Делчево вечерва организираше трибина со наслов ,,Зошто ни се потребни превентивни прегледи и улогата на менталното здравје”. Целта како што истакна Анита Цоневска координатор на проектот е сензибилизирање на жените од Општина Делчево, за тоа колку е важно да се прават редовни прегледи за Ехо на дојка и мамографски прегледи со акцент на подобро Ментално здравје.

-Целни групи се сите жени од Општина Делчево, вклучително значи жените од руралните средини и жените од маргинализираните заедници.

Во тој контекст можам да ги најавам бесплатните ехо прегледи на дојка, кои ќе се реализираат во наредниот период.

Панелисти на денешната трибина беа истакнати специјалисти од Здравствениот Дом Делчево, Лилјана Тричкова, гинеколог, Андријана Илиевска, рентгенолог, потоа Билјана Георгиевска, психијатар Дејан Глинџарски специјалист за Гешталт метода истакна Цоневска.

Поддршка за реализација на активноста како што додаде координаторката има од Француската амбасада од каде очекува понатамошна соработка.

-Очекуваме од денешната трибина првично да добиеме заклучоци и препораки кои што ќе бидат преточени во еден документ кој со сите забелешки и предлози ќе го адресираме до Министерството за здравство, додаде Цоневска.

Ирен Кетоф, Аташе за соработка при француската амбасада истакна зафоволст о што за Розовиот октомври е во посета на Делчево на покана на Организацијата Жена која е една од 7-те организации кои се добитници на нивниот отворен повик за проекти.

-Имаше 26 кандидатури и многу тежок натпревар од кои 12 беа во категоријата за Родова еднаквост. Активностите кои беа понудени од здружението ,,Жена” се оние кои навистина не убедија и кои што се надополнуваат една со друга. Денеска она што е важно за спасување човечки животи е превенцијата и скринингот за рак на дојка. Во Франција секоја година има околу 49.000 нови случаи на рак на дојка, тоа е вториот вид на рак кој се јавува кај жените, доколку се открие во рана фаза би можел да се лекува кај 9 од 10 лица, рече Кетоф.

Даниела Такева од Комисијата за еднакви можности при Општина Делчево која исто така имаше дискусија во рамки на настанот посочи дека Комисијата работи посветено на темата за женското здравје, посебно  нагласувајки го значењето на раните прегледи , превентивните и редовните прегледи на дојка. 

-Во таа насока знаете дека претходните години имавме иницијативи за прегледи за ехо на дојка во здравствениот дом кај нас што вроди со плод. Еве изразувам благодарност до докторката Андријана Илиевска Велковска која воведе такви еко термини за дојка и сега многу повеќе се јавуваат на прегледи. Особено ако се има предвис и фактот дека во здравствениот дом во М.Каменица функционира мамограф и на тој начин жената може полесно да дојде до превентивни преглед, рече Такева.

Посебно ја потенцираше темата за менталното здравје односно психолошката поддршка на жените со дијагностициран канцер. 

-Ова е многу важен момент бидејки тие жени се соочуваат со непозната работа покрај третманите кои се тешки, мора даима оваа жена поддршка од семејството, но и семејството треба да има поддршка. Ова е еден круг кој се надевам еве со комисијата за еднакви можности и Организацијата ,,Жена” ќе најдат одговори и оваа психолошка поддршка на оперирани жени или жени на кои им е дијагностициран канцер на дојка ќе можат да најдат психолошка помош, а зошто да не се формира и некој Центар за психолошка помош на онколошките болни, заврши Такева.

Во рамки на настанот присуствуваа еминентни здравствени работници од Делчево кои потенцираа дека мамографот во М.Каменица е еден од најдобрите во Европа, со голема ефикасност при раното откривање на рак на дојка.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*