Соопштение за боево гаѓање на 20 и 22.10.2023 кај месноста Виречка Полјана

Регионалниот центар за управување со кризи Делчево го известува населението од селата Стамер, Град, Вирче, Тработивиште и Разловци дека на ден 20.10.2023 год ( Петок) во периодот од 08.00 часот до завршување на гаѓањето од страна на РЦ – ИСТОК и ПС за граничен надзор – Делчево, ќе се спроведе гаѓање со огнено оружје на временото стрелиште на место викано Виречка полјана-атар на с.Вирче .

Исто така ве известуваме дека на ден 22.10.2023 година (Недела) ПС од општа надлежност – Делчево, ќе спроведе боево гаѓање со огнено оружје. Во периодот од 09.00 часот до 14.00 часот.

За да се спречат евентуални несакани последици се известува населението дека во определениот период во поширокиот реон на стрелиштето се забранува секакво движење на луѓе и вршење на било каква работа и испаша на домашни животни.

        РЦУК – ДЕЛЧЕВО
          Со овластување
            Драган Балас

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*