
Денеска, ја започнав постапката за набавка на возила за потребите на Итната медицинска помош при Здравствената станица во Македонска Каменица и специјализираното возило за потребите на штитениците при Дневниот центар за лица со посебни потреби во Македонска Каменица, информираше на својот фб профил, градоначалникот Димчо Атанасовски.

Проценета вредност на возилата, во двете одделни постапки, како што поспчува во своната објава Атанасовски изнесува 5 700 000 денари. Возилото за потребите на ИМП изнесува 2 800 000 денари, а возилото за потребите на Дневниот центар е со проценета вредност од 2 900 000 денари со вклучен ДДВ.
-Со ова, јас како градоначалник и целокупно како локална самоуправа, ја потврдуваме нашата заложба за подобрување на условите за работа во здравствените и згрижувачките центри во нашата Општина, заврши Атанасовски.

Leave a Reply