Во Берово потпишани договорите за стипендирање на одлични ученици

Во Берово потпишани договорите за стипендирање на 4 ученици од ОСУ ,,Ацо Русковски” од Берово, за учебната 2023/2024 година, кои ќе добиваат по 2.000,00 денари месечно, во период од 9 месеци, од Буџетот на Општина Берово.

Градоначалникот Звонко Пекевско смета дека оваа мерка, ќе ги поттикне учениците, кон учење и развој и кон постигнување на поголеми успеси во училиштето.

Согласно конкурсот, ученици кои ги исполниле условите и ќе бидат стипендирани се:

  1. Душица Лапевска – ученичка во трета година
  2. Мартин Сивевски- ученик во трета година
  3. Катерина Бошнаковска-ученичка во четврта година и
  4. Михаела Чипевска- ученичка во четврта година

Нека овие стипендии ве поттикнат да продолжите со постигнување на успеси и уште поголеми достигнувања, бидете пример и поттик за вашите соученици и заеднички да градиме успешни генерации и успешна општина, рече Пекевски и додаде:

Општина Берово е секогаш тука за вас, отворена и достапна за сите ваши идеи и размислувања и ќе се потрудиме во иднина средствата да ги зголемиме, им реков на учениците, честитајќи им го постигнатиот успех и посакувајќи им здравје, среќа и безгрижни средношколски денови.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*