Македонскиот сатиричар Миле Ѓорѓијоски меѓу наградените на Сатира Фест 2023

Македонскиот сатиричар Миле Ѓорѓијоски ја освои наградата ,,Весна Денчиќ за најдобра серија на афоризми на најпрестижниот балкански фестивал за хумор и сатира ,,Сатира фест”. Наградата му беше доделена синоќа на официјалниот настан кој се одржа во салата ,,Коларац” во Белград, Р.Србија. Ѓорѓијоски кој е редовен учесник на овој фестивал, вели дека за него оваа награда е почит за неговата работа во изминатиот период.

Престојот во Србија како што информираше Ѓорѓијоски ќе го искористи за промоција на книгите со детски афоризми ,,Палави афоризмичиња”, настан кој ќе се одржи во ОУ ,,Гоце Делчев” Јабука во организација на Националниот совет на Македонците во Република Србија.

-Планирани се едукативни часови за пишување на детски афоризми. Со мене е младата авторка Софија Ситновска од Македонска Каменица која како илустратор на книгите ќе држи часови за илустрација. Во рамки на настанот роднокрајниот автор Христина Деолска од Делчево пред учениците ќе држи едукативни часови за сликање во техника – енкаустика, додека поетот Влатко Ситновски од Македонска Каменица ќе чита поезија. Се очекува и промоција на најновото издание на книгата поезија-афоризми од авторите Христина Деолска и Миле Ѓорѓијоски, информираше Ѓорѓијоски.

За библиотеката на Националниот совет на Македонците во Република Србија ќе бидат донирани книги од роднокрајни автори од Делчево и Македонска Каменица.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*