
Чекори до Еразмус + е новиот проект од програмата КА210 кој Регионалниот центар за застапување од Делчево ќе го спроведува во партнерство со Институтот за културно наследство Бугарија и Интерактива од Хрватска. Фокусот на проектот ќе бидат организации/неформални групи кои работат со млади бегалци од Украина, млади со помалку можности, изолирани групи од рурални области
-Дополнително, проектот ќе промовира работа во партнерство, интеркултурна комуникација, споделување европски вредности, промовирање на Еразмус+ како можности за еднакво учество, вклучување и вклучување на сите во образованието, обуката, патувањето, работата, практикантската работа итн, информираа од РЦЗ Делчево.
Преку активностите од проектот целта е да се промовира и зголеми квалитетот на младинската работа меѓу младите организации/неформални групи, кои немаат искуство да ги направат своите први чекори во рамките на програмата Еразмус+.
-Целите ќе се постигнат преку заеднички состаноци, обуки и споделување на искуство за зголемување на административните капацитети, развој на План за отпорност на организација/неформални групи, Меморандум за поддршка и јавни настани за споделување на резултатите од проектот, додадоа од Регионалниот центар за застапување Делчево.
Проектот ,,Чекори до Еразмус +” ќе се спроведува во наредните 12 месеци
Leave a Reply