
Поголема група на бугарски државјани и денес го ,,окупираа” градскиот пазар во Делчево. Срамежливо одговарајки дека цените се слични мало на пазарите во Бугарија, сепак посочија дека зеленчукот и овошјето се за нијанса поевтини, заради што доаѓаат барем еднаш месечно на пазар во Делчево, првиот град после границата помеѓу двете држави.
-Искрено да ви кажам, цените се нормални и задоволителни. Ориз, јужно овошје, зеленчук…тоа ни е на агендата денес за купување. Ќе најдеме и по некој млечен производ, а ако успееме и ќе ручаме во некоја од вашите кафеани, вели жител од Благоевград.

Жител на Делчево додава дека Бугарите најчесто се овде токму за храната која се служи во делчевските угостителски објекти.
-На Бугарите најслатки им се ќебапчињата, денес гледам повторно се тука, минатата сабота имаше повеќе автобуси. И за нас останатите добар е пазарот денес, има разновидна понуда, додава граѓанин на Делчево затекнат на градскиот пазар.

Повеќето пазарџии се задоволни како се движеше продажбата во рамки на денешниот пазар, додела некои велат дека граѓаните понекогаш премногу се ,,ценкаат” за цената.

-Јас сум од Тработивиште, не е скап пазарот, еве јас продавам зелка цената е 40 денари парче. Исто имам и домашен компир и тој не е скап, но кога купуваат велат скапо им е. А навистина не е скапо и ние понелогаш треба да си го цениме трудот, што е 30,40 денари за една зелка или 1 кг компир, вели производител од Тработивиште.

Добро е, имаме калинки, јапонска јаболка и и други производи има купувачи, додава друг пазарџија.

Саботниот пазарен ден помина во знакот на градинарските производи, погодни за производство на ајвар, туршија и други намирници кои се употребуваат при подготовката на зимница.

Leave a Reply