Историјат за црквата Св.Петка во с.Селник каде утре ќе се слави Петковден

Секоја година на 27 октомври во делчевското село Селник голем број верници се собираат да го одбележат празникот меѓу населението познат како Петковден, а кој се слави во чест на заштитничката на селото Св.Петка во чија чест е изградена црква, која е главна селска црква во селото Селник.

Сместена е на неколку стотина метри лево од патот кој води од Драмче кон Селник. Црквата е прогласена за споменик на културата од национално значење од страна на Министерството за култура.

Историја

Точни податоци за изградбата на црквата не се достапни, но според трите слоја на фрескоживописот, од кои првиот е некаде од XIII-XIV век, се претпоставува дека истата била изградена некаде во XIV век.

Врз основа на зачуваниот ктиторски натпис, изградена е во „тешко време“, кога столувал „новиот епископ Прохор“.

Во 2001 година, црквата била реконструирана, а во дворот биле изградени помошни објекти. Секоја година на 27 октомври, т.е. на празникот Петковден, во црквата се организира голем собор.

Архитектура

Градбата на црквата е еднокорабна со правоаголна основа и е покриена со камени плочки. Градена е од кршен камен и вар.[2] Над влезната врата има ниша со фреска на која е прикажана Света Петка.

Внатрешноста на црквата е зографисана. Ја живописал Јо(ван) Комнов, најверојатно во третата деценија на XII век. Ѕидното сликарство е стилски блиско на недалечниот алински манастир „Св. Спас“ во Бугарија (1626).

Во сликаната програма се вклучени локалните пустиножители Св. Јоаким Осоговски и Св. Јоан Рилски.

Фрескоживописот се состои од три слоја, од кои првиот е некаде од XIII-XIV век, додека следниот од XVI век, односно од времето на архиепископот Прохор Охридски. Натписите се словенски и сведочат за продолжувањето на словенската култура во време на отоманското владеење. Целата црква е живописана, но голем дел од фреските се оштетени. Иконостасот со царските двери и иконите биле изработени во 1906 година од страна на зографот Гаврил.

Во продолжение потсетување на прославата на Петковден од 2019 година.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*