
На 23 Октомври се одбележуваат 130 години од почетокот на организирана македонска револуционерна борба. Одбележувањето на ,,Денот на македонската револуционернаборба” е одбележување на долговечниот непокор и борба на македонскиот народ за слобода , државност и независност.
Корените на македонската револуционерна борба започнуваат со формирањето на Македонската револуционерна организација на 23 Октомври 1893 година кога шестмина македонски дејци: Даме Груев, Петар Поп Арсов, Христо Татарчев , Иван Хаџи Николов, Андон Димитров и Христо Батанџиев ,се обединија околу една визија за исполнување на еден сон – Слободна Македонија.
Патот до таа слобода беше исполнет со предизвици, но нивната сплотеност и решителност во остварување на своите цели им даде сила да истраат пред своите идеи.
Нивниот пат го продолжија илинденците, борците во Народноослободителната и антифашистичката борба и АСНОМ -ците кои го остварија стремежот за Слободна Македонска држава.
Без 23 Октомври 1893 година не ќе беа можни ниту трите славни Илиндени 1903, 1944 и 1991 година. Почит за борците за слободна и независна македонска држава.
Нека е честит и вековит 23 Октомври – Денот на македонската револуционерна борба.
Директорот и Наставничкиот колегиум, на сите ученици, вработени и родители им го честита празникот, се вели во објавата на СОУ ,,М.М.Брицо” Делчево.

Општина Делчево и годинава организира пригодна свеченост во чест на 23 Октомври – Ден на македонската револуционерна борба. Настанот ќе се одржи на 23 октомври (понеделник) во 10:00 ч пред споменикот на Гоце Делчев во центарот на градот, каде ќе се положи свежо цвеќе.
По тој повод, Општина Делчево ги поканува сите заинтересирани граѓани, институции, политички партии и здруженија на граѓани да присуствуваат на настанот и да положат свежо цвеќе пред споменикот на Гоце Делчев.
Агенда за настанот:
- 10.00ч – реферат по повод 23 Октомври Ден на македонската револуционерна борба (КУД „Гоце Делчев“ од Делчево)
- 10.15 ч. – положување свежо цвеќе на споменикот на Гоце Делчев
Leave a Reply