
Јавен повик за обновување на членството на ЗФГ ,,Копачка”, с.Драмче, Делчево
Здружението Фолклорна група ,,Копачка” с. Драмче, Делчевo објави Јавен повик за обновување на своето членство со инструменталисти на изворни инструменти, пејачи на изворен фолкор и игроорци.
Повикот како што стои во објавата на Фолклорната група, важи за кандидати од 12 до 77 години старост и од двата пола.
-Ве охрабруваме да се пријавите и со своите квалитети да допринесете во негувањето на пијанечкиот фолклор а со тоа и за одржливоста на орото „Копачката“ во УНЕСКО, Репрезентативната листа за нематријални културни наследства на човештвото и да станете носители- практичари, стои во Јавниот повик на ,,Копачка”.

Приемот на новите кандидати до поплнување на бројот, како што додадоа од ЗФГ ,,Копачка”, ќе се врши секој четврток во кино салата во Делчево со почеток од 17-18,30 часот.
-Со ова ќе направите нешто повеќе за себе, со поминување на прекрасни мигови на дружење, веселење, стекнување на нови и трајни пријателства, запознавање на нови места и градови во земјата и странство, духовни светилишта и други убавини…
За подетални информации јавете се на тел. 070 917 038, додаваат од ЗФГ ,,Копачка”, с.Драмче, Делчево.
Во меѓувреме Фолклорната група ,,Копачка” се подготвува за централниот настан од одбележувањето на јубилејот ,,75 години ФГ Копачка” кој започна минатата недела, а ќе заврши во месец ноември со низа настани посветени на јубилејот на фолклорната група.

Leave a Reply