
Уживаме во есента и ја набљудуваме секој ден трансформацијата на листовите што танцуваат на убавото есенско сонце и брилијантните есенски бои кои прават секаде убава златна покривка.
Инспирирани од есента и есенските листови, второоделенците од ООУ „Св.Климент Охридски“ денеска во ЈЛБ „Илинден“ ни донесоа прекрасни творби изработени од есенски листови.Во чест на есента тие денес беа наши гости.

Сите цртежи дечињата ги поставија на нашата табла и истите ќе бидат изложени на влезот пред библиотеката.
Благодарност до наставничките Ирена Поповска, Катерина Николовска,Атанаска Стоичовска што ги подготвија дечињата и беа дел од реализацијата на оваа наша активност.
Секако големо благодарам и до сите дечиња кои иако мали беа многу големи кога сатнува збор на креативноста, одговорноста, соработката и нивното преимерно однесување и покрај нивните дела во библиотеката донесоа и многу насмевки, радост и позитивна енергија.
А есента ја сакаме сите нели? Таа е втора пролет каде секој лист е цвет.

Leave a Reply