
Невладината организација ,,КХАМ” во текот на изминатиот период го реализира проектот ,,Инспекторатите во служба на граѓаните”, во чии рамки беше направена анкета за задоволството на граѓаните од постапувањето или непостапувањето на самоте инспекторати по одредени прашања.
Еден од луѓето кој го пренесе своето искуство на темата е Мирослав од Делчево. Имено тој купил електричен шпорет од продавница за бела техника во Делчево и се било добро додека не се покажало дека шпоретот не работи како што треба, поради што побарал сервисер, но дури тогаш почнале проблемите.

-За само неколку дена, ринглата работеше сосема слабо, да не можев ниту кафе да си сварам. Пријавив во продавницата, тие пратија сервисер дури по неколку недели. Сервисерот ми рече дека е важно дека шпоретот работи и неговата одговорност е до тука, вели Мирослав.
Следејки ја кампањата на НВО ,,КХАМ”, решил веднаш да поднесе пријава.
-Ја следев кампањата ,, Пријави кај Инспекторот “ и преку НВО ,,КХАМ“ поднесов пријава до Пазарниот Инспектор. Во законскиот рок го добив Електричниот шпорет исправен. Ви препорачувам искористете ги законските можности за да ги остварите вашите потрошувачки права, додава делчевецот.

Проектот „Инспекторатите во служба на граѓаните” се спроведува со поддршка на регионалниот проект СМАРТ Балкан Граѓанско општество за поврзан Западен Балкан, имплементиран од Центарот за промоција на Цивилното друштво (CPCD), Центарот за истражување и креирање политики (ЦИКП) и Институтот за демократија и медијација (ИДМ), а финансиски е поддржан од Министерството за надворешни работи на Кралството Норвешка.

Leave a Reply