Се санираат оштетените улици во делчевски Први Реон

Продолжува санацијата на оштетената инфраструктура од поплавите, информираа од општина Делчево. Во моментов се работи на реконструкција на оштетените улици во населбата Први Реон: дел од ул. „Голачка“, дел од ул.„Иво Лола Рибар“ и дел од ул. Јане Сандаски“.

Работите ги изведува ЈП за одржување магистрални и регионални патишта со финансиска поддршка од Владата и согласно со Одлуката на Владата за санација на штетите од невремето во Делчево.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*