ЖКК ,,Клубски Патриот” шампионски покрај ,,Шара”

ЖКК ,,КЛУБСКИ ПАТРИОТ” ШАМПИОНСКИ ПОКРАЈ ШАРА. ВО ГОСТИВАР ПОБЕДЕНА Е ДОМАШНАТА ЕКИПА НА КК ГОСТИВАР СО 53:47.

Женскиот кошаркарски клуб ,,Клубски Патриот” кој и годинава се натпреварува во Првата Б Лига со победа ја започна новата сезона.

Делчевки со 53:47 го совладаа тимот на Гостивар во натпревар во кој нашиот тим имаше водство од почеток до крај на натпреварот.

Најдобар поединец во екипата беше Дарина Чимева со 20 поени, меѓутоа супер натпревар цела петорка Ина Рашова, Елена Димитрова, Елена Ангеловска и Теодора Атанасовска. Бидејки првиот плејмејкер Ана Ангеловска не играше, сите дадоа максимум со што ги донесоа и првите бодови во Делчево.

Честитки за нашите девојки, на кои им посакуваме многу успех во понатамошните натпревари во Првата Б Лига, а со оваа победа најавија дека повторно ќе се борат повторно за првото место и шампионскиот пехар кој минатата година остана во Делчево

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*