
Градоначалникот на М.Каменица, Димчо Атанасовски на својот официјален профил на социјалната мрежа фејсбук објави информација за организиран прием со бранителите од воениот конфликт во 2001 година.
-Со најдлабока почит и благодарност кон нивниот придонес, личните подвизи и жртви, денеска организирав прием и работна средба со сограѓаните – бранители на Република Македонија во воениот конфликт од 2001 година. Со цел, продолжување на грижата кон македонскиот национален дух и одбележувањето на значајниот придонес на нашите бранители кон современата историјата на Македонија, на денешната работна средба споделивме повеќе идеи и предлози. Разговаравме за изнаоѓање на начини за поддршка, поуспешната интеграција и дополнително подобрување на условите за нашите бранители и нивните семејства, истакна Атанасовски.
Акцентот на работната средба беше ставен на скора изработка на Меморандум за соработка помеѓу бранителите и Општина Македонска Каменица, кој Атанасовски потенцира дека ќе понуди конкретни решенија и акции за подигање на нивниот статус на национални херои.
-Се надеваме на плодна соработка, со која во иднина, заеднички ќе го одиме патот кон подобро и посветло македонско утро, заврши Атанасовски во неговата објава.

Leave a Reply