
Нов асфалт денеска добиваат улици во населбата Први Реон со вкупна должина од околу 900 метри. Асфалтирањето како што информираа од Општината е во рамките на предвидените проекти за реконструкција и санација на патната инфраструктура оштетена од невремето во Делчево. Во рамките на предвидената реконструкција, опфатени се улиците: „Голачка“, дел од ул.„Иво Лола Рибар“ и дел од ул. Јане Сандански“.

Pеконструкцијата на овие улици како што истакна градоначалникот на Делчево, Горан Трајковски е уште еден доказ за одговорниот пристап кон сите граѓани и создавање современи услови за безбеден сообраќај во насока на подобрување на квалитетот на животот.

-Поддршката од Владата за санација на оштетената патна инфраструктура е огромна и очекувам дека сите предвидени проекти за реализација согласно со Одлуката на Владата ќе бидат наскоро завршени.
Работите ги изведува ЈП за одржување магистрални и регионални патишта со финансиска поддршка од Владата и согласно со Одлуката на Владата за санација на штетите од невремето во Делчево, рече Трајковски.

Претходно беше санирана улицата „Царевоселска“, а согласно со Одлуката на Владата ќе се работи и на санација на: крак на бул. „Македонија, улица-булевар „Македонија“ во должина од 420 метри, како и санација на мостот на ул „Индустриска“.









Leave a Reply