Ученици од Делчево и Скопје засадија зимзелени дрвја кај манастирот Св.Илија во Ѕвегор

ЗАСАДУВАЊЕ САДНИЦИ ВО МАНАСТИРОТ СВ. ИЛИЈА СЕЛО ЅВЕГОР

Во овој последен октомвриски ден 31.10.2023 год. нашето училиште заедно со партнер училиштето ООУ„ Живко Брајковски„, населба Бутел, Скопје , засадија зимзелени садници во манасторскиот комплекс во село Ѕвегор.

Целта на нашата акција во природа, беше да ги поттикнеме сите љубители на природата да започнат со засадување на млади садници токму со месец ноември , во овие предели од Пијанечко- Малешевскиот крај од каде што изминатите години беше направена огромна штета на шумскиот појас од пожарите, истакнаа од ООУ Ванчо Прке Делчево.

Изразија благодарност до Директорот на ЈП „Национални шуми“, Подружница Делчево , кои им дадоа целосна поддршка со дадените садници од зимзелени дрвца.

-Нашето заедничко дружење беше исполнето со ентузијазам и желба за повторно организирано да имаме уште многу вакви акции и во наредниот период.

Шумите се составен дел од нашите животи и тоа на многу сложени начини кои допрва почнуваме да ги разбираме. Почнувајќи од намалување на стресот па сѐ до апсорбција на јаглерод и регулирање на климата , тие имаат голема улога за нашето здравје и здравјето на нашата планета, додадоа учесниците во денешната активност.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*