
Поради сообраќајна несреќа во која едно возило излетало од патот кај месноста Баткова Чешма, делчевско, во прекин сообраќајот на патот Делчево – Македонска Каменица – Кочани.

На лице место интервенирала Итната медицинска помош при што едно лице е повредено и во моментот со возило и присуство на доктор се упатило кон клинички центар во Штип.

Во моментот полицијата врши увид на терен, а сообраќајот за сите кои сообраќаат кон овој патен правец се пренасочуваат преку алтернативни патни правци.

Причините за несреќата не се познати, а повеќе детали се очекуваат во текот на денот.

Leave a Reply