СОУ ,,М.М.Брицо” активен учесник во проектот ,,Безбедна училишна средина”

Во рамките на проектот „Промоција на безбедна училишна средина“ , по поднесената апликација нашето училиште е селектирано за вклучување во активностите на проектот. Апликацијата ја поднесовме со цел да придонесеме во остварување на правата на децата за квалитетно образование во безбедна и партиципативна училишна средина.

Проектот ќе се фокусира кон креирање на безбеден простор на младите преку активна поддршка за справување на сите форми на насилство врз нив како тема која е актуелна се повеќе во денешно време. Ученичкото учество во процесите на донесување одлуки ќе биде главниот принцип низ кој ќе се води овој проект, овозможувајќи заеднички пристап на учениците и возрасните кон препознавање, превенција и справување со насилство.

ЗА ПРОЕКТОТ:
Коалиција на младински организации СЕГА во партнерство со Македонскиот Центар за Граѓанско Образование, Прва Детска Амбасада во Светот МЕЃАШИ и СМАРТ АП – Лабораторија за социјални иновации, со поддршка од Детската Фондација Песталоци, го спроведува проектот „Промоција на безбедна училишна средина“, во периодот септември 2023 – август 2026 година.

Цел на проектот: „Придонес кон остварување на правото на децата за квалитетно образование во безбедна и партиципативна училишна средина.

Проектот ќе се спроведува во соработка со Министерството за образование и наука, Бирото за развој на образованието, Државниот просветен инспекторат и Министерството за труд и социјална политика.

Очекувани резултати:

[1] Подобрена имплементација на законските одредби за ученичко учество во процесите на донесување одлуки и заштита на децата;
[2] Зајакнати капацитети на средните училишта за превенција и справување со насилство;
[3] Примена на наставни методи и техники кои поддржуваат и промовираат заштита, учество и еднакви можности за сите ученици и ученички.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*