Нови пунктови за собирање електричен и електронски отпад во Берово

Преку поставување на 6 контејнери за собирање на електричен и електронски отпад, продолжуваме со проширување на мрежата за селектирање на различни видови отпад, на територијата на Општина Берово.

Контејнерите се обезбедени во соработка со фирмата НУЛА ОТПАД ДОО Скопје и истата ќе ги превзема и ќе постапува со собраниот електричен и електорнски отпад и отпадни материи, согласно согласно склучен договор за сорботка со Општина Берово.

Целта на оваа активност, е зголемување на свеста на населението за селектриање на отпадот, како и поголема грижа за природата, да се намали загадувањето и секој да допринесе кон поздрава и почиста животна средина и кон зачувување на планетата Земја.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*