
Претседателот на Советот на Општина Делчево и член на Комитетот на Советите при ЗЕЛС, Гоце Попов зеде учевство во рамките на проектот “ЗАЈАКНУВАЊЕ НА ОПШТИНСКИТЕ СОВЕТИ” – фаза 2 финансиран од Швајцарската влада, а реализиран и кофинансиран од UNDP кој се одржа во Малта.

-Заедно со колегите од Комитетот на советите, претставниците на Зелс и UNDP, остваривме работни средби со нашите колеги од Р.Малта, каде разменивме позитивни искувства, но разговаравме и за применливи и успешни практики кои имаат можност за имплементација во општините и регионите кои ги претставуваме, информираше Попов.

Во рамки на посетата како што додазе одржани се средби со Асоцијацијата на локални совети, претставници на регионалните совети, градоначалници, министри и Парламентарниот секретаријат за локална самоуправа на Малта.

-Како носители на одлуки на локално ниво дискутиравме на теми за учество на граѓаните во одлучувањето, партиципативно буџетирање, транспарентно и отчетно локално владеење, дигитална трансформација на општините, меѓуопштинска соработка, родова еднаквост, стратегија за менаџирање со отпадот и негова повторна употреба преку рециклирање,справување и менаџирање со предизвикот од намалена квалификувана работна сила и погледи за негово решавање и др, додаде Попов.

Како што посочи Попов, еден заклучок е заеднички и за двете земји, граганите секогаш мора да бидат на прво место, мора самите да одлучуваат каде и како се трошат нивните средтва и ресурси а општините транспарнтно и отчетно да им дадат образложение за сработеното!

Јакнењето на капацитетот на советниците на локално ниво е клучен предуслов за зголемување на автономијата и унапредување на работата на Советот на општината како тело кое е директен преставник на граѓаните во единиците на локалната самоуправа.

Leave a Reply