
Пчеларите од Делчево вечерва се едуцираа како да произведат квалитетна матица со метод на пресадување на ларви. За предавањето беше задолжен експертот по пчеларство од Р.Србија, Предраг Миленковиќ кој исто така на пчеларите им го пренесе своето искуство како да се произведе мед при неповолни временски услови.
-Производството на мед може да се подобри со помош на некои техники во време кога имаме неповолни климатски услови, кои веќе не се какви што беа порано. За мене годинава беше солидна и покрај тоа што беше врнежлива токму благодарение на тие некои техники кои две години ги испитувам на мојот пчеларник. Токму тоа искуство сакам да го пренесам како да се дојде до мед кога е ситуацијата тешка, бидејки не е точно дека не може да се дојде до мед во вакви услови како што многумина мислат, рече Миленковиќ.

Пчеларите од Пијанец како што додаде мора да бидат во тек со современите текови за да дојдат до мед.
-Понекогаш дури треба да се прави она што некогаш го правеле пчеларите. Конкретно овде во Делчево и М.Каменица пчеларите имаат растителен свет, околината е поволна за пчеларење. Штета е тоа да не го искористат колегите кои треба ова да го преточат во мед кој е лековит. Не само медот, тука е и млечот и да бидат свесни дека конзумирањето мед е лековито, има полно аминокиселини и витанини во медот за да бидат здрави, додаде пчеларот од Србија.

За пчеларот Миле Илиевски предизвик е да се биде пчелар.
-Предизвик е бидејки прво почна како мерак предизвикот сам по себе си доаѓа. Имам околу 70 пчелни семејства ги чувам во атарот на село Габрово близу бугарската граница. Иако годината беше со врнежи солидно поминав, задоволен сум, рече Стоименовски.

Организатор на настанот беше пчеларското здружение ,,Пијанечка Пчела 2″ .
-Здружението брои 70 членови, но основен проблем е сите сакаме да членуваме, а ако може да не плаќаме членарина. Секое предавање има свои трошоци и затоа апелирам членовите да си ги подмират своите трошоци, како би можеле да продолжиме со активностите согласно програмата, истакна претседателот на здружението Јованчо Медарски.

Leave a Reply