Кулинарските вештини на Организацијата на жени од Пехчево претставени во емисијата ,,Везилка”

Организацијата на жените на Пехчево синоќа учествуваше во емисијата Везилка. Во рамки на учеството жените- членки на организацијата се потрудија да ги покажат своите кулинарски вештини во најгледаната емисија на Алфа телевизија.

Од организацијата упатија благодарност до учесничките, но и до останатите членки др. Нада Симовска, др. Сузана Каракашова, Снежана Каракашова- домаќинка, Павлина Цековска- претседателка на пензионерите на Пехчево и Данче Капушевска коо што не биле во можност да присуствуваат, но овозможија трпезата да изгледа онаква каква што беше. Вриевме на 100, aтмосфера невидена. Горда сум што имам вакви жени околу мене.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*