
Општина Делчево и Регионален центар за застапување Делчево има чест и задоволство да Ве покани на Втората форумска сесија која ќе се одржи на 10.11.2023 (петок) во мултифункционлниот центар во спомен дом АСНОМ, Делчево со почеток во 11.00 часот.
Преку оваа форумска сесија ќе се дискутираат предложените приоритети од првата сесија за подобар развој на општината.

Целта на алатката „Форуми во заедницата” е да го поддржи процесот на децентрализација и да овозможи учество на граѓаните во развојот на заедницата на локално ниво.
Оваа можност претставува платформа за развој што им овозможува на граѓаните, прво, да го подобрат својот живот со сопствени идеи и учество во процесот на донесување одлуки на локално ниво и второ, администрацијата да развие отчетно локално управување преку учество, одговорност и доверба.
Присуството на жителите, здруженијата на граѓани, бизнис зедницата и претставниците наинституциите, како и нивното активно учество на сесиите ќе биде од особено значење зауспешно спроведување на буџетскиот форум и ќе даде голем придонес за креирање на буџетот на општина Делчево.
Го очекуваме Вашето присуство. Со почит.

Leave a Reply