
На гости во библиотеката денеска беа дечињата од прво и второ одделение – групата ученици од целодневневен престој при детската градинка ” 7 Септември”.
Вредните ученици со помош на учителката Сузана и негователката Стефанија изработија есенска кошница и есенска сликовница- подарок за библиотеката”Кочо Рацин”.
Со помош на библиотекарките дечињата изработија есенски листови во разни бои. Боевме,сечевме за на крај да се изработи гранка од разни есенски листови.
Со песна и оро ја завршивме денешната активност по повод Месец на книгата, се вели во објавата на ОЈУМБ ,,Кочо Рацин” од Пехчево.





























Leave a Reply