
Изложба на дела од роднокрајни автори од Пијанец од денес се изложени во библиотеката ,,Илинден” во Делчево. Делата од роднокрајните автори, како што истакна директорката Биљана Петровска ретко се изнајмуваат, заради што библиотеката решила на ваков начин да ги поттикне читателите да се заинтересираат за роднокрајното творештво.
-Библиотеката има шест дела од наши роднокрајни автори, кои пишуваат за селата Разловци, Вратиславца, Очипала, Киселица, Драмче и Панчарево. Сите тие книги ретко се изнајмуваат и токму затоа од денес по еден примерок од нив ќе биде изложен во холот на библиотеката и сите наши читатели кои доаѓаат во библиотеката ќе можат да се запознаат со нив и да ги разгледаат, истакна Петровска.

Упати апел до сите читатели кога ќе ја посетат библиотека да одвојат време и да изнајмат дел од изложените наслови.
-Општина Делчево има убави села, некои испразнети , некои одамна со затворени врати, урнати ѕидови, искршени прозорци и по некој знак дека некогаш во овие куќи имало живот. Со тоа што денеска библиотеката ги изложува насловите што расакажуваат на нашите села само сакаме да иницираме понатамошни истражувања и проучувања на минатото, сегашноста и иднината на нашите села, додаде Петровска.

Библиотеката има шест дела од наши роднокрајни автори, кои пишуваат за селата Разловци, Вратиславца, Очипала, Киселица, Драмче и Панчарево.
Според податоците на библиотеката шоткрепени со пописот од 2021 година над 420 населени места во Северна Македонија имаат изгубено повеќе од половина од своето население. Статистичарите регистрирале вкупно 1.781 населени места, од кои 205 немаат ниту еден жител. 684 населени места имаат помалку од 100 жители, додека 218 населени места имаат под 10 жители.
Leave a Reply