Одржана втората форумска сесија за креирање на општинскиот Буџет за 2024 година

Во Делчево денеска се одржа втората форумска сесија за креирање на Буџетот на Општина Делчево за 2024 год, на која активно учествуваа претставници од месните и урбаните заедници, од граѓанскиот сектор и институции.

На сесијата главни теми за работа беа областите образование, социјална заштита, култура и граѓански сектор. Освен презентации на програмите на Општина Делчево во овие области, учесниците на форумот работеа и на определување приоритети, а беше презентирана и прелеминарната листа на приоритетни проекти одбрани на првата форумска сесија.

Целта на организацијата на форумот е одредување на приоритетните проекти за реализација за наредната година детектирани од граѓаните, а Општина Делчево почитувајќи го гласот и мислењето на граѓаните и анализирајќи ги предложените приоритети ќе ги предвиди за реализација.

Форумите се во организација на Регионалниот центар за застапување и Општина Делчево, а планирани се три форумски сесии.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*