СОУ ,,М.М.Брицо” успеа да се пласира на престижниот Best in English натпревар

СОУ МЕТОДИ МИТЕВСКИ – БРИЦО, Делчево и оваа година успеа да се пласира на престижниот интернационален натпревар по знаење од предметот Англиски јазик. Натпреварот е организиран од Best in English со акредитација од Минстерство за Образование и Наука на Република Чешка за реализирање на интернационални натпревари.

“Нашето училиште, по предходна селекција на учениците со пред-тест успешно го реализираше спроведувањето на натпреварот и сите ученици од прва до четврта година се покажаа со солидни резултати. Шеесет минути исполнети со брзина, спроведување на техники за читање со разбирање, следење на аудио-визуелни материјали со прашања за разбирање и дел од комуникативни вешби за оценување на тековното стекнато знаење, го каректиризира работното утро како успешно” изјави Дијана Атанасова, проф по англиски јазик и организатор на натпреварот.

“Во изминатите години се покажа дека работиме со ученици кои имаат мотивација и знаење да се натпреваруваат во светски рамки. Секоја година се зголемува учеството на училишта од нашата држава а ние досега секогаш го земаме првото место. На светско ниво исто така полека се искачуваме меѓу првите места. Документот со кој ќе се стекнат натпреварувачите без разлика на резултатите, ќе им послужи како доказ за познавање на англискиот јазик пред меѓународни институции. Ние не застануваме овде, затоа што продолжуваме да работиме со ученици кои имаат висока мотивација за натпрвари и потребите се зголемуваат исто така” изјави организаторот проф. Желеанка Демирова.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*