Библиотеките од Делчево и Благоевград потпишаа Меморандум за соработка

Директорот на ЈЛБ„Илинден“-Делчево, на покана на регионалната библиотека „Димитар Талев“ – Благоевград, денес присуствуваше на Третата конференција на локална историја на тема„Народните занаети од македонскиот регион“.

На конференцијата учество земаа поголем број на библиотеки.Ова меѓу другото беше одлична можност за воспоставување на соработка помеѓу ЈЛБ„Илинден“-Делчево и библиотеката од Благоевград.Потпишан е и Меморандум за соработка меѓу двете библиотеки.

Благодарност до сите вработени во библиотеката во Благоевград, особено благодарност до директорката Емилија Малешевска за убавиот прием, разбирање и желба за понатамошно сорабоување и комуникација.

На Конференцијата навистина имаше што да се слушне, види и научи. Беа претставени карактеристични занаети од регионот со репортажи, презентации и мали изложби, истакна директорката на ЈЛБ ,,Илинден”, Биљана Петровска.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*