Со два настани пехчевската библиотека ,,Кочо Рацин” ги заврши активностите по повод Месецот на книгата

Со два настани пехчевската библиотека ,,Кочо Рацин” ги заврши активностите по повод Месецот на книгата. Во рамки на првиот настан како што информираа од библиотеката Се натпреваруваа меѓу себе во брзо читање и за најдобра интерпретација од поезијата на Ацо Шопов.

-Петок- последен работен ден и за возрасните и за учениците. Луѓето изморени од напорната работа брзаат дома. Но, учениците од VI одделение со наставничката по македонски јазик Јулија Велковска после часови не заминаа дома. Дојдоа во библиотеката на заедничка дружба. Се натпреваруваа, пееја, се забавуваа. Прво место за брзо читање освои Михаил Цековски. Второ место освои Теона Ставров,а трето место освои Илија Ѓузелов. Прво место за најдобра интерпретација освои Тамара Станковска. Второ место освои Теона Бојчовска,а трето место освои Филип Ќурчиски. Интересен настан со прекрасни ученици, истакнаа од МБ ,,Кочо Рацин” Пехчево.

Во рамки на втората активности ученичките Теона Бојчовска и Теона Ставров пишуваа на тема ” Книгата- мојот волшебен свет”.

Месецот на книгата заврши,но желбата за пишување сеуште постои. Творевме на лице место пишувајќи и поезија и проза. Браво девојчиња, додадоа од пехчевската библиотека.

Сите фотографии од првиот настан ТУКА

Сите фотографии од вториот настан ТУКА

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*