Голем успех за СОУ ,,М.М.Брицо” на 45-тата школа “Млади физичари”

Настанот се оддржа на 17.11.2023 г. во организација на Друштвото на физичари на Природно-математичкиот факултет во Скопје. На него учествуваа и наши ученици од втора и четврта година со нивниот ментор, професорот по физика Роберт Цветковски.

Учениците од четврта година, Симона Ќурчиска и Ина Мишева освоија прва награда со својот експеримент “Звучен визуализар”, втора награда освоија учениците Магдалена Георгиевска и Ива Ивановска со својот експеримент “Мини-вакум правосмукалка ”,додека учениците Филип Петровски и Дамјан Маневски освоија трета награда со експериментот “Загревање на метали и создавање на струја со појавата електромагнетна индукција”.

Учениците од втора година, Лука Стоименовски и Марија Салтировска освоија втора награда со својот експеримент “Модел на парна машина”, додека пофалници за учество на 45 Школа “ Млади физичари” добија учениците од втора година Ана Мавродиева и Александра Сосиева за експериментот “Примена на тотална рефлексија кај монохроматска светлина од ласер”,Вања Ѓеоргиевска и Даме Ивановски за експериментот “Холограмски видео проектор” и учениците Сара Тодоровска и Леонора Жежовска со својот експеримент “Фонтана на Херон”.

Честитки до сите ученици и менторот. Им посакуваме трудољубивоста, знаењето и желбата за успех да им бидат водилка по патот на нивното образование.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*