Заврши натпреварот по краснопис, ЈЛБ ,,Илинден” ги награди најдобрите на конкурсот

Заврши натпреварот по краснопис кој го организираше ЈЛБ ,,Илинден” Делчево, а на кој учествуваа 79 ученици од двете основни училишта во градот од четврто до шесто одделение.

Сите учесници на крајот од натпреварот добија благодарница, а Комисијата за избор во состав: Даниела Георгиевска-библиотекар во ЈЛБ„Илинден“, Валентина Данвска, наставник по македонски јазик и библиотекар во ООУ„Св.Климент Охридски“ и Габриела Димнитровска-наставник по македонски јазик во ООУ ,,Ванчо Прке“ избраа три најдобри ученици во краснопис:

Трето место – Изабела Начовски
Второ место – Ели Китановска
И прво место – Сандра Николовска
Честитки до наградените и до сите ученици кои се натпреваруваа.

-Денес убав ден во ЈЛБ„Илинден“ -Делчево. Полна читална ученици сите со молив во рака, сконцентрирани и со желба да бидат најдобри на натпреварот по краснопис што го организираше библиотеката. Многу возбуда, убавина и позитивна енергија кај сите.

Позитивните критики и убавите коментари и на наставниците и на родителите не мотивираат да организираме наптревар по краснопис и со учениците од другите одделенија, истакна директорката Билјана Петровска.

Повеќе фотографии ТУКА

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*