По 6.000 денари за секој студент од Берово во 2024 година

Општина Берово ја усвои новата програма за Образование за 2024 година. Со нобата програма, мерките поддршка за прваче, поддршка за средношколци во прва година средно образование и поддршка за најдобри ученици, ќе се исплаќаат преку Програмата за образование, која што Општина Берово, ја воведува од 2024 година.

-Во неа, покрај другите мерки, за прв пат воведуваме и 6.000,00 денари, за сите редовни студенти, кои за прв пат ја запишале студиската година и средства за ученици со континуиран одличен успех, кои завршуваат  основно и средно образование, информираа од Општината.

Градоначалникот на Берово, Звонко Пекевски изрази надеж дека мерката ќе помогне на семејниот Буџет, полесно  родителите да ги подмират обврските, особено при плаќање на партиципација за студирање и ќе им олеснат на студентите да покријат дел од трошоците.

-Грижата за сите, е многу важна, а враќањето на парите назад кај граѓаните, е наша обврска, кон подобрување на квалитетот на живот. Сите сме жители на Општина Берово, рече Пекевски.

Нова програма за образование, од 2024 година ќе ги содржи следните компоненти:

Субвенционирање за секое прваче запишано во основните училишта во општина Берово

Субвенционирање за секој ученик кој своето средно образование ќе го започне во ОСУ “Ацо Русковски” Берово

10 стипендии за талентирани ученици во основно образование

10 стипендии за талентирани ученици од средно образование

5.000 денари за полуматуранти и матуранти кое во своето школување имаат континуирано одличен успех и примерно поведение

6.000 денари за студенти, жители на општина Берово, кои за првпат се запишани во студиската година на државните универзитети

Средствата во иднина, ќе се исплаќаат преку Програмата за образование, која што Општина Берово, ја воведува од 2024 година.

-Во неа, покрај другите мерки, за прв пат воведуваме и 6.000,00 денари, за сите редовни студенти, кои за прв пат ја запишале студиската година и средства за ученици со континуиран одличен успех, кои завршуваат основно и средно образование, додаде Пекевски..

Грижата за сите, е многу важна, а враќањето на парите назад кај граѓаните, е наша обврска, кон подобрување на квалитетот на живот, додаде тој.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*