Пекевски и Китански потпишаа договори за реализација на проекти преку Бирото за регионален развој

Во Берово со средства од Бирото за регионален развој, ќе се реализитаат три проекти ,,Реконструкција на ул.,,Гоце Делчев” , во с. Ратево, ,,Изградба на тротоари на ул. ,,Моша Пијаде” и ,,Регулација на дел од корито на отворен канал во с. Будинарци”.

Проектите ќе се реализираат со почетокот на следната градежна сезона и се дел од мерките за специфични развојни потреби, проекти за развој на урбаните подрачја и одржлив и урбан развој и проекти за развој на села, кои што се спроведуваат преку Бирото за регионален развој, информираше градоначалникот Звонко Пекевски.

За проектот ,,Реконструкција на ул.,,Гоце Делчев” , во с. Ратево”, доделени се средства во износ ос 1.105.841, 00 денари, за проект ,,Изградба на тротоари на ул. ,,Моша Пијаде”, 1.437.048, 00 денари и за проект ,,Регулација на дел од корито на отворен канал во с. Будинарци”, доделени се средства во износ од 2.725.861 денари.

Градоначалникот на Општина Пехчево, Алрксандар Китански исто така потпиша два Договори, за реализација на проекти финансирани од страна на Министертвото за локална самоуправа, преку Бирото за регионален развој.

-Станува збор за реализирање на проектот „ Изградба на локални улици во село Чифлик, улица број 1, со крак 1“ , и проектот „ Набавка на машина за метење и одржување на хигиена на јавен простор“, согласно „Јавните повици од страна Бирото за регионлен развој.

  • Со реализација на проектите „Изградба на локални улици во село Чифлик, улица 1, со крак 1“ , ќе се придонесе кон подобрување на квалитетот на патната инфраструктура во селото. Улицата е во должина од 231 метар, додека кракот е во должина од 138 метри, односно целата улица е во должина од 369 метри.
  • Исто така ќе се подобри јавната чистота во градот и ќе им се олесни работата на службите за оддржување на патиштата!, истакна Китански.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*