Потпишан договорот за реконструкција на стариот пат за с. Ѕвегор и краци од улици во Ѕвегорска Река

Во рамките на Програмата за финансирање проекти за развој на подрачја со специфични развојни потреби за 2023 и 2024 година на Министерството за локална самоуправа и Бирото за регионален развој, во Општина Делчево ќе се изгради стариот пат кон селото Ѕвегор кој поминува низ населбата Ѕвегорска Река, заедно со три краци од патот во населбата.

Денеска градоначалникот Горан Трајковски го потпиша Договорот за реализација на овој проект финансиски поддржан од Министерството за локална самоуправа преку Бирото за регионален развој во вредност од 5 милиони денари, додека Општина Делчево учествува со 10% од вредноста.

Стариот пат кон село Ѕвегор е локален пат кој го поврзува селото Ѕвегор со градот Делчево и е од посебно значење за секојдневната сообраќајна комуникација на населението. Моменталната состојба на патот е горен строј со тампон со голем број ударни дупки и денивелација и за таа цел има потреба од предвидената реконструкција. Вкупната должина на предметната делница е околу 550 метри од кои 160 метри се однесува на трите краци од патот во населбата Ѕвегорска Река.

Градоначалникот Трајковски посочи дека со реализацијата на овој проект се решава круцијално прашање со патната инфраструктура  на дел од населбата Ѕвегроска Река, а изградбата на стариот пат кон селото Ѕвегор ќе ја подобри комуникацијата на жителите со селото Ѕвегор.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*