Работилница во СОУ ,,М.М.Брицо”: ,,Подигни го гласот, младински активизам во Делчево”

Во СОУ ,,М.М.Брицо” денес се организираше работилница од МОФ & УНФПА на тема ,,Подигни го гласот, младински активизам во Делчево” .

-Работилницата имаше за цел да ја претстави скалата на младинско учество и поимот активизам пред младите од Делчево. Учествуваа 29 ученици од училиштето а координатори на активностите беа Никола Марковски( поранешен наш ученик) и Андреј Ѓеоргиевски ( ученик во IV 1 клас). Тие преку игри и дискусија ги поттикнаа младите како да дејствуваат, да бидат поактивни во општеството и да наоѓаат потенцијални решенија за бариерите за младинско учество, се вели во објавата на СОУ ,,М.М.Брицо”.

Активноста се реализира во рамки на регионалниот проект „Млади за инклузија, еднаквост и доверба“ кој е партнерски проект на Фондот за население на Обединетите нации – УНФПА и Младинскиот образовен форум (МОФ). 

-Веруваме дека младите имаат моќ да обликуваат посветла иднина, а овие работилници имаат за цел да ги поттикнат и опремат младите со потребните алатки и знаење за да создадат позитивни промени во нивните заедници. Работилниците се спроведуваат во различни градови низ државата во текот на месец ноември 2023 година. Со учеството младите  стекнуваат знаења и практични вештини за поттикнување на вклученоста, промовирање на еднаквоста и градење доверба во  заедницата, се вели во генералниот  опис на проектот на МОФ&УНДПА.

За самите работилници во рамки на овој проект, претходно беше распишан повик за млади на возраст од 15 до 30 години кои беа наменети за млади од областа на младинско учество, инклузија, еднаквост и доверба. 

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*