Трајковски: Со набавка на нова машина ќе се одржува Јавниот простор во Делчево

Во рамките на Програмата за развој на урбаните подрачја и одржлив и урбан развој која ај реализира Бирото за регионален развој, Делчево ќе набави машина за метење улици.

Заедно со директорот на Бирото за регионален развој, Рамиз Реџепи, денеска го потпишавме Договорот за реализација на проектот „Набавка на машина за метење и одржување јавен простор“.

Вредноста на Договорот кој ја предвиднува финансиската поддршка од Бирото изнесува 2.4 милиони денари, а Општина Делчево има финансиско учество од 10% од вредноста.

Со набавката на оваа машина, во ЈКП „Брегалница“ ќе бидат во функција две вакви машини за метење на улиците. Очекувам дека со набавката и ставањето во функција на новата машина, значително ќе се подобри чистотата на улиците, ќе се зголеми опсегот на површините кои досега се одржуваат и се метат, а ЈКП ќе може поекспедитивно да ги испорачува услугите кон граѓаните, истакна градоначалникот на Делчево, Горан Трајковски.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*