Делчевската библиотека со низа активности по повод ,,Деновите на хуманост”

И повторно во Делчево: Денови на хуманост-дарувај со љубов. По повод Светскиот ден посветен на лицата со попреченост – 3 декември, а во рамки на деновите на хуманост, ЈЛБ„Илинден“ со свои активности.

На 1 декември (петок) започнува саемот на книги на издавачката куќа „Матица“, кој ќе биде сместен во една од канцелариите на библиотеката и ќе трае до 8 декември од 8 до 18 часот.

Во петокот во 11 часот ,ЈЛБ„Илинден“ заедно со првооделенците од ООУ„Ванчо Прке“ во гратскиот парк пред библиотеката ќе го одбележи Светскиот ден на лицата со попреченост, годинава под мотото „Секој е посебен на свој начин“.

Можеби некои луѓе имаат физички или ментални недостатоци, но ни еден недостаток не ги спречува да бидат прекрасни човечки суштества.И тие имаат чувства и можат да бидат повредени.Погрижи се да НЕ бидеш токлу ТИ оној кој ќе ги повреди, се вели во објавата на ЈЛБ ,,Илинден”

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*